Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северот на Перу, соопштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според информациите, потресот бил регистриран на длабочина од 35 километри.
Засега нема извештаи за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета.







