Легендарниот фудбалер и поранешен капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, започнува ново поглавје во својата тренерска кариера. Шпанскиот второлигаш Реал Овиедо официјално го потврди ангажманот на 49-годишниот стратег, кој потпиша договор до јуни 2028 година.
Раул доаѓа на местото на Хулијан Калеро, кој доби отказ и покрај победата од 2:1 против Кадиз во последното првенствено коло. Раководството на клубот одлучило да направи промена по претходните незадоволителни резултати.
За поранешниот шпански репрезентативец ова ќе биде прв самостоен ангажман како тренер на прв професионален тим. Претходно работеше во младинските категории на Реал Мадрид, а шест сезони ја предводеше и Кастиља, резервниот состав на мадридскиот гигант.
Интересно е што во Овиедо настапува и неговиот син Хектор Гонзалес, кој е член на вториот тим на клубот, Ветуста.
Реал Овиедо моментално се наоѓа на деветтото место во шпанската Сегунда со 21 бод, само еден помалку од позициите што водат во плејофот за пласман во Ла Лига.
Главната задача на Раул ќе биде да го врати клубот во најсилната шпанска лига, а неговото деби е предвидено за сабота, на домашен терен против Жирона.








