ПРВ.мк
Свет

ТРАМП УДРИ ОСТРО: „Не брзам со напад на Иран, ќе почекам до почетокот на следната година“

ТРАМП УДРИ ОСТРО: „Не брзам со напад на Иран, ќе почекам до почетокот на следната година“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека „не брза“ со одлуката за тоа дали ќе го нападне Иран и дека таа одлука ќе ја донесе по почетокот на следната година.

„Не брзам со донесување на каква било одлука (во врска со Иран). Ќе видиме што ќе се случи по почетокот на годината“, рече Доналд Трамп во телефонски разговор за порталот „Аксиос“ од претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, на враќање во САД од Кина.

Можен заеднички напад на САД и Израел врз Иран

Како што истакнува порталот, изјавите на Трамп следуваа во момент кога тој е изложен на силен притисок од израелскиот премиер во технички мандат, Бенјамин Нетанјаху, што поскоро да започне одлучувачка кампања на бомбардирање.

„Аксиос“ во средата, повикувајќи се на извори, објави дека иако Трамп изјавил оти нов, голем бран напади врз Иран е „малку веројатен“, американскиот претседател и понатаму ја разгледува можноста за заеднички напад со Израел.

Според наводите на два извори упатени во ситуацијата, Белата куќа побарала од Пентагон и од разузнавачките експерти проценка за тоа како Иран би можел да одговори на секое од сценаријата за напад што ги подготвила американската војска.

Израел тврди дека поседува разузнавачки податоци кои укажуваат на тоа дека Иран го интензивирал истражувањето и развојот на хемиско оружје, како и дека спроведувал тестирања, а порталот истакнува дека еден американски функционер изјавил оти Трамп е информиран за овие нови разузнавачки сознанија.

Најнови вести