ПРВ.мк
Свет

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Граѓаните сведочат за долг и силен потрес!

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Граѓаните сведочат за долг и силен потрес!

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе американската сојузна држава Калифорнија, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според првичните податоци, земјотресот бил регистриран на длабочина од 13 километри. Засега нема пријави за повредени лица, ниту информации за причинета материјална штета.

Жителите кои ги споделиле своите сведоштва на интернет-страницата на EMSC опишуваат дека потресот бил силен и траел подолго време. Дел од граѓаните наведуваат дека земјотресот ги разбудил од сон, додека во нивните домови се нишале лустерите и предметите.

Надлежните засега немаат објавено дополнителни информации за евентуалните последици од земјотресот.