ПРВ.мк
Македонија

ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА ПРЕД ПОЛИЦАЈЦИТЕ, А ТАНЧЕРКИТЕ ГИ УПАТИЛ ДА БЕГААТ: Газда на локал ќе одговара кривично!

ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА ПРЕД ПОЛИЦАЈЦИТЕ, А ТАНЧЕРКИТЕ ГИ УПАТИЛ ДА БЕГААТ: Газда на локал ќе одговара кривично!

Сопственик на угостителски објект во гостиварскиот регион ќе се соочи со кривична пријава откако, според полицијата, се обидел да спречи службеници да извршат контрола во локалот, а во исто време им укажал на жените кои работеле таму да го напуштат објектот преку друг излез.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за 50-годишен жител на селото Форино, со иницијали Х.М., против кого е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Инцидентот се случил на 30 јули 2026 година во угостителски објект во селото Чегране, гостиварско. Според полициските информации, пријавениот ја заклучил влезната врата на објектот, а на женските лица кои работеле во локалот им укажал да излезат и да избегаат преку задниот влез.

Со ваквото постапување, според МВР, тој ги попречил полициските службеници во извршувањето на нивните службени дејствија.

Од полицијата посочуваат дека во ваквите угостителски објекти често се затекнуваат жени за кои постојат сомневања дека имаат нерегулиран престој во државата, а кои во локалите се претставуваат како келнерки или танчарки.