Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вчера е реализирана исплата во вкупен износ од 64.927.881 денари, наменета за 3.656 млекопроизводители.
Средствата се исплатени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а станува збор за финансиска поддршка наменета за домашните производители на млеко.
Од Министерството посочуваат дека континуираниот развој и поддршката на домашното земјоделско производство остануваат меѓу главните приоритети, со цел унапредување на секторот и обезбедување стабилна поддршка за земјоделците.







