ПРВ.мк
Скопје

ПРЕКИНИ НА ВОДА И СТРУЈА ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА: Проверете дали сте на списокот за денеска!

ПРЕКИНИ НА ВОДА И СТРУЈА ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА: Проверете дали сте на списокот за денеска!

Повеќе локации во Скопје и околината денеска ќе бидат без вода или електрична енергија поради дефекти и планирани интервенции на мрежите, информираат ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-3 на улицата „Славејко Арсов“ број 81, во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од оваа улица. Прекинот започнува во 09:30 часот и ќе трае до завршување на работите за санација на дефектот.

Вода нема да има и на дел од улицата „Христо Смирненски“, на потегот од „Зур Маркет“ до булеварот „Партизански одреди“. Таму ќе се изведува водоводен приклучок со димензија Ф-100 милиметри на број 17, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Во меѓувреме, од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации.

  • Гази Баба: од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата „Франц Лист“.
  • Петровец: од 08:00 до 14:00 часот, дел од населеното место Ќојлија, индустриската зона – КИППЕР, КОБРА ПАНЕЛ и ПОДРАВКА.
  • Сопиште: од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од Црвена ПРС и месноста Осојница.

Надлежните претпријатија информираат дека прекините се поврзани со планирани активности на електродистрибутивната мрежа и интервенции за отстранување дефекти во водоводната мрежа.