ПРВ.мк
Скопје

Паника вечерва во трговски центар во Скопје – евакуирани се сите посетители

Паника вечерва во трговски центар во Скопје – евакуирани се сите посетители

Пожар вечерва избувна во подземниот паркинг на трговскиот центар „КАМ мол“ во скопската населба Ѓорче Петров, по што следуваше евакуација на посетителите.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал на патничко возило во подземната гаража на објектот.

Како што објави „Вечер.пресс“, густ чад почнал да се шири од паркингот и да излегува преку вентилацискиот систем на трговскиот центар.

Веднаш по избувнувањето на пожарот биле активирани противпожарните аларми, по што посетителите биле евакуирани.

На местото пристигнале противпожарни и полициски екипи, додека пред трговскиот центар се собрале голем број граѓани.

Според очевидци, возилата едно по едно го напуштале подземниот паркинг со асистенција на полицијата, а на дел од нив биле забележливи траги од чад.

Неколку медиуми, повикувајќи се на сведоци, објавија дека се запалил автомобил „фиат пунто“.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се официјално соопштени.

Во првичните информации нема потврдени податоци за повредени лица, ниту за висината на материјалната штета.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните служби за околностите на инцидентот.