ПРВ.мк
Балкан

КРВАВА ДРАМА ВЕЧЕРВА: Маж избоден со нож во градите, лекарите му се борат за живот

КРВАВА ДРАМА ВЕЧЕРВА: Маж избоден со нож во градите, лекарите му се борат за живот

Тешко повреден маж на возраст од околу 35 години вечерва е итно пренесен во болница по напад со нож во центарот на Белград.

Според неофицијалните информации што ги објави српскиот портал „Ало“, мажот бил избоден со нож во градите во близина на ресторан за брза храна, во реонот на Зелени венац.

Крвавиот инцидент се случил нешто по 20 часот, а повредениот се здобил со тешки телесни повреди.

На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која го пренела мажот во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград.

Според првичните информации, неговата здравствена состојба е сериозна, а лекарите се борат за неговиот живот.

Засега не се објавени официјални детали за околностите под кои се случил нападот, ниту за идентитетот на повредениот маж.

Исто така, нема информации за можниот напаѓач и мотивите за инцидентот.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции.