Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, отворено проговори за нивната љубовна приказна, разделбите и тешките моменти низ кои поминале пред повторно да бидат заедно.
Катарина признала дека многу тешко ги поднесувала врските и браковите на Дарко со други жени, особено затоа што пејачот постојано ѝ повторувал дека сè уште ја сака.
„Тој упорно зборуваше дека и понатаму ме сака, но постојано беше со други жени. Тоа ми беше страшно. Плачев и се прашував зошто не е со мене, ако навистина ме сака“, раскажала Катарина.
Таа открила дека во еден период Дарко ја сретнал нејзината помлада сестра, ѝ го оставил својот телефонски број и побарал Катарина да му се јави.
„Многу ми беше тешко. Дури и од тогашниот партнер криев дека плачам поради Дарко“, признала таа.
Катарина раскажала дека повторно воспоставила контакт со пејачот додека сè уште била во претходниот брак.
Според неа, Дарко подоцна ѝ објаснил дека ја оставил затоа што во тоа време не бил подготвен за сериозна врска и не сакал да ја изневерува или повредува.
„Сега, од оваа перспектива, можеби тоа било во ред“, изјавила Катарина.
Сопругата на пејачот проговорила и за тешкиот период по сообраќајната несреќа што ја доживеале непосредно пред првиот роденден на нивната ќерка.
Како што признала, несреќата оставила големи последици врз неа, а на Дарко сè уште му замерува за одредени постапки од тој период.
И покрај сите разделби и предизвици, Катарина и Дарко повторно се споиле и ја продолжиле својата љубовна приказна.








