ПРВ.мк
Свет

ПУТИН НАРЕДИ УНИШТУВАЊЕ: Одеса во пламен, мртви на улиците

ПУТИН НАРЕДИ УНИШТУВАЊЕ: Одеса во пламен, мртви на улиците

Четири лица загинаа, а деветмина се повредени во серијата руски напади врз украинскиот пристанишен град Одеса, извршени во средата, 18 ноември.

Според украинските регионални власти, руските сили во три одделни бранови го нападнале централното градско подрачје, предизвикувајќи пожари, разурнувања и човечки жртви.

Во нападите биле оштетени станбени објекти, деловни простории и автомобили. Дел од ударите биле регистрирани во историскиот центар на Одеса, вклучително и во подрачјето што е под заштита на УНЕСКО.

Спасувачките и противпожарните екипи интервенирале на повеќе локации, додека медицинските служби им укажувале помош на повредените.

Украинските власти потврдија дека бројот на загинати се искачил на четири лица, додека деветмина се повредени.

Во меѓувреме, руски напади биле регистрирани и во други делови на Украина.

Во градот Златопол, во Харковската област, при напад биле повредени 12 лица, а една жена била во тешка здравствена состојба. Биле пријавени и пожари во продажни објекти.

Дополнителни проблеми предизвикале прекините во снабдувањето со електрична енергија во неколку украински региони, особено во Харковската и Дњепропетровската област.

Паралелно со воените дејствија продолжуваат и дипломатските напори за завршување на војната.

Според најавите, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да одржат разговори со украински и европски претставници во Берлин.

Главни теми на разговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина, економската обнова и можностите за продолжување на мировните преговори.

Додека дипломатските активности продолжуваат, ситуацијата на терен останува сериозна, со нови цивилни жртви и оштетувања на инфраструктурата.