ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Завршил со лисици на рацете – двојно откритие при акција на МВР!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Завршил со лисици на рацете – двојно откритие при акција на МВР!

47-годишен жител на струшкото село Франгово е приведен откако полициските службеници при претрес на просториите што ги користел пронашле бела прашкаста материја. Дополнително, истата материја била откриена и при личен преглед на осомничениот.

Приведувањето било реализирано на 19 ноември од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Струга, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи.

Претресот бил извршен со судска наредба издадена од Основниот суд во Струга.

Пронајдената материја била одземена, а случајот ќе продолжи да се обработува во рамките на понатамошната постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести