28-годишен скопјанец е приведен откако, според сомневањата на полицијата, го запалил автомобилот на неговата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 ноември, во раните утрински часови, околу 05:50 часот, на подрачјето на Чаир.
Осомничениот, како што наведуваат од МВР, го опожарил автомобилот „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, кој бил во сопственост на неговата мајка. По палењето на возилото, тој наводно упатил и закани дека ќе го запали семејниот стан.
Полицијата го пронашла и го лишила од слобода околу 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Мажот е задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.







