ПРВ.мк
Македонија

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8-СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ: Во тек е евакуација на пациентите!

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8-СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ: Во тек е евакуација на пациентите!

Пожар избувнал утрово во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, поради што во тек е евакуација на пациентите.

Според првичните информации, пожарот избувнал на Одделот за ортопедија во болницата.

Засега нема официјални информации за точната локација на избувнувањето, ниту за причините поради кои настанал пожарот.

Повеќе детали за инцидентот и евакуацијата се очекуваат во текот на денот.

Најнови вести