ПРВ.мк
Скопје

СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ СÈ ПОСКАПИ: Квадратот надмина 3.100 евра, дали се заканува ново поскапување?

СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ СÈ ПОСКАПИ: Квадратот надмина 3.100 евра, дали се заканува ново поскапување?

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да бележат раст, а во одредени делови од градот цената на квадратен метар станбен простор веќе надминува 3.100 евра, што дополнително го отежнува купувањето стан за голем број граѓани.

Дополнителен притисок врз пазарот на недвижности би можел да се појави и поради недостигот од енергетски контролори, кадар кој е неопходен за исполнување на законските услови при изградба на нови објекти.

Недостигот од овие стручни лица би можел да доведе до зголемување на трошоците во градежниот сектор, а евентуалното поскапување на изградбата да се одрази и врз крајните цени на становите.

Растот на цените и дополнителните трошоци во градежништвото повторно го отвораат прашањето дали станувањето сопственик на недвижност во Скопје сè повеќе се оддалечува од можностите на просечниот граѓанин.

Најнови вести