ПРВ.мк
Македонија

ЦАРИНАТА СПРЕЧИ НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ НА 2,8 ТОНИ СОЛ: Пратката била пријавена како индустриска, но проверката открила нешто друго!

ЦАРИНАТА СПРЕЧИ НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ НА 2,8 ТОНИ СОЛ: Пратката била пријавена како индустриска, но проверката открила нешто друго!

Царинските службеници спречиле нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј внес во земјава е забранет. Неправилноста била откриена при контрола на пратка која во документацијата била пријавена како индустриска сол.

Увозникот, кој е производител на храна, доставил изјава дека солта ќе биде користена исклучиво за индустриски цели. Сепак, при контролата царинските службеници утврдиле дека во пратката се наоѓа нејодирана сол, а не индустриска сол како што било наведено во изјавата и во увозната царинска декларација.

Случајот бил откриен од Царинската испостава Скопје 3.

Според македонските законски прописи, солта наменета за исхрана задолжително мора да биде јодирана, поради потенцијалните штетни последици врз здравјето на граѓаните од употребата на нејодирана сол.

Против осомничените е поведена соодветна постапка, а по решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, целата запленета количина од 2,8 тони сол е уништена на депонијата „Дрисла“.

Најнови вести