ПРВ.мк
Свет

ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Oткри што стои на патот до договорот

ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Oткри што стои на патот до договорот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на средбата со Владимир Путин во Кина му рекол оти би сакал Русија да ја повлече воената агресија врз територии низ Европа. Според Трамп, таков чекор би можел да помогне побрзо да се постигне договор за војната во Украина.

Трамп за разговорот со рускиот претседател пишуваше на својата социјална мрежа „Трут соушл“. Тој не прецизираше на кои дејства и територии мисли кога зборуваше за воена агресија низ Европа.

Американскиот претседател повтори дека верува оти Путин сака да постигне договор. Сепак, како пречка во преговорите го посочи односот меѓу рускиот лидер и украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека двајцата „навистина се мразат“.

Трамп зборуваше и за претстојниот самит на Г20 во Флорида. Тој изрази сомнеж дека Путин ќе присуствува, иако би сакал да го види таму. Од Кремљ соопштија дека одлука за учеството на рускиот претседател сè уште не е донесена.