ПРВ.мк
Скопје

СКАНДАЛ ВО ЈСП: Вработени затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

СКАНДАЛ ВО ЈСП: Вработени затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вечерва биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според неговите информации, случајот бил откриен од внатрешната контрола на претпријатието, по што веднаш била повикана полицијата.

Градоначалникот најави дека инволвираните вработени ќе бидат отстранети од работа, а од надлежното Обвинителство очекува отворање постапка и утврдување одговорност.

„Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок!“, порача Ѓорѓиевски.

Тој оцени дека ваквите случаи се показател за долгогодишната злоупотреба на јавните ресурси и најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во градските претпријатија.

Засега не е познато колку вработени се инволвирани во случајот, ниту за колкаво количество нафта станува збор.

Дополнителни информации од надлежните институции сè уште не се соопштени.