Познатиот македонски адвокат и поранешен судија Владимир Туфегџиќ е меѓу повредените во сообраќајната незгода што се случи во скопската населба Аеродром, во близина на булеварот „Јане Сандански“.
Според информациите што ги објави „Скопје1“, во сообраќајната незгода учествувале три возила, а возачите биле пренесени во болница.
Туфегџиќ ја потврдил информацијата за порталот, посочувајќи дека се здобил со повреда на главата, но дека се наоѓа во добра здравствена состојба.
Засега нема дополнителни информации за причините за сообраќајната незгода, ниту за здравствената состојба на останатите повредени.
Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.









