ПРВ.мк
Црна Хроника

ДЕТЕ ПОД ДРЖАВНА ЗАШТИТА ПРИЈАВИЛО СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА: Полицијата го истражува случајот

ДЕТЕ ПОД ДРЖАВНА ЗАШТИТА ПРИЈАВИЛО СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА: Полицијата го истражува случајот

Министерството за внатрешни работи истражува вознемирувачки случај на можна сексуална злоупотреба на малолетник, кој е штитеник на јавна установа за згрижување деца.

Според информациите од полицискиот билтен, на 25 ноември во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека малолетник, кој претходно се оддалечил од установата, бил изложен на сексуални дејствија со повеќе возрасни лица во стан.

Од Центарот за социјална работа во Скопје за „Телма“ потврдиле дека веднаш по сведочењето на детето пред неговата старателка бил активиран интервентниот тим.

Прибраните информации биле доставени до полицијата, која презема мерки за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Од СВР Скопје информираат дека се проверуваат и локациите посочени во сведочењето на малолетникот.

Засега не се соопштени информации за приведени лица или поднесени кривични пријави.

Истрагата е во тек.