Двајца малолетници биле физички нападнати од група други малолетници на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 25 ноември од страна на двајца скопјани, на возраст од 43 и 44 години, кои пријавиле дека нивните малолетни синови биле физички нападнати.
Според пријавеното, инцидентот се случил околу 21:20 часот, кога неколку малолетници физички ги нападнале двете момчиња.
Засега нема информации за мотивот за нападот, точната возраст на малолетниците, ниту дали момчињата се здобиле со повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.









