ПРВ.мк
Скопје

УДВОЕНА ПОМОШТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Ќе добијат по 5.000 денари еднократна поддршка!

УДВОЕНА ПОМОШТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Ќе добијат по 5.000 денари еднократна поддршка!

Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик, при што износот годинава е удвоен – од досегашните 2.500 денари на 5.000 денари.

– Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Со оваа мерка, општината цели да обезбеди директна финансиска поддршка за најранливата група повозрасни граѓани и да им помогне полесно да се справат со тековните трошоци.