Жена на возраст од 67 години го загуби животот во пожар кој во текот на ноќта зафатил семејна куќа во селото Бунушки Чифлук кај Лесковац, потврдија од Полициската управа во Лесковац.
Трагедијата во полиција била пријавена утринава околу шест часот.
Според кажувањата на мештаните, жената најверојатно се задушила од чадот. Таа не живеела сама, туку во куќата престојувала со дел од своето семејство.
Во огнената стихија изгорела половина од семејната куќа, а околностите и причините поради кои дошло до избувнување на пожарот засега не се познати.







