ЈП „Комуналец“ – Кавадарци продолжува со засилени теренски активности за подобрување и обнова на комуналната инфраструктура во градот.
Во моментов се врши асфалтирање на прокопи на повеќе локации низ Кавадарци, со цел целосна санација на оштетените коловозни површини и враќање на улиците во нивната првобитна состојба.
Од јавното претпријатие истакнуваат дека преку континуирана работа и посветеност се обезбедуваат подобри, поквалитетни и побезбедни услови за движење на сите учесници во сообраќајот и граѓаните на Општина Кавадарци.






