ПРВ.мк
Македонија

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС: Велешанец дивеел на улица и не ги почитувал полициските наредби!

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС: Велешанец дивеел на улица и не ги почитувал полициските наредби!

67-годишен жител на Велес го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, а притоа одбивал да ги почитува и наредбите на полициските службеници.

Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил на 25 ноември, околу 13:20 часот, на улицата „Ристо Попов“ во Велес.

Станува збор за Д.Ш. (67) од Велес, кој не постапувал по наредбите на полицајците додека тие извршувале службени дејствија.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.