Основното јавно обвинителство во Нови Сад идентификуваше уште еден полициски службеник осомничен за злоставување и мачење малолетник од Оџаци, кој беше физички малтретиран на 14 август 2025 година.
Како што соопшти обвинителството, по спроведените дополнителни дејствија за препознавање, идентификуван е уште еден од сторителите на кривичното дело злоставување и мачење од член 137, став 3 од Кривичниот законик.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, во кој рок ќе биде сослушан пред надлежниот јавен обвинител.
За потсетување, претходно беше идентификуван М.М. како еден од извршителите на ова кривично дело.








