ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Повредени пет лица!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Повредени пет лица!

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на локалниот пат Студеничани–Зелениково, во близина на селото Орешани. Едно од повредените лица се здобило со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот А.Г. од Зелениково, и товарно возило „фолксваген транспортер“, зад чиј волан бил 45-годишниот Ф.Т. од Батинци.

Најтешко повреден бил возачот на „опелот“. Повредите му биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Телесни повреди добиле и возачот на товарното возило, како и неговите сопатници Р.Г. (67) и И.Г. (63), двајцата од Средно Коњари, и С.Т. (63) од Батинци. Сите биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.