ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАТКО ПРИЈАВИЛ ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА: 20-годишник ја демнеел постојано!

ТАТКО ПРИЈАВИЛ ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА: 20-годишник ја демнеел постојано!

Татко пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка подолг период била вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер, кој има 20 години.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 ноември во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во пријавата било наведено дека во текот на изминатата година Т.С. во повеќе наврати доаѓал во училиштето каде што учи девојката, како и пред нејзиниот дом.

Таткото пријавил и дека пред околу една година 20-годишникот имал полов однос со неговата малолетна ќерка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.