ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСТАВНИК ФАТЕН ВО ПОЛИЦИСКА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД ВРЗ УЧЕНИК: Инцидент во училиште!

НАСТАВНИК ФАТЕН ВО ПОЛИЦИСКА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД ВРЗ УЧЕНИК: Инцидент во училиште!

Физички напад врз ученик од страна на наставник бил пријавен во полицијата, откако инцидентот се случил во училиште во дебарско село.

Според информациите, случајот бил пријавен на 25 ноември 2026 година, во 18:30 часот, во Одделението за внатрешни работи Дебар.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на околностите под кои се случил настанот.

По завршувањето на постапката, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.