Малолетно момче од Тетово подолг период било изложено на закани и барања за пари од две други малолетни лица, а по последниот инцидент случајот бил пријавен во полиција.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 ноември во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека две малолетни лица подолг период му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него.
Последниот случај се случил на 24 ноември на Градскиот плоштад во Тетово. Тогаш момчето одбило да им го даде својот електричен тротинет, по што едно од малолетните лица физички го нападнало.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.







