ПРВ.мк
Балкан

Маскирани мажи запалиле „мерцедес“ среде ноќ, огнот проголтал дури осум автомобили

Маскирани мажи запалиле „мерцедес“ среде ноќ, огнот проголтал дури осум автомобили

Вистинска драма се одвивала ноќеска во Белград, каде што во пожар биле целосно уништени осум автомобили, откако двајца маскирани мажи наводно намерно запалиле паркиран „мерцедес“.

Според првичните информации, инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а пламенот за кратко време се проширил и на останатите возила паркирани во непосредна близина.

Густиот чад и огнената стихија ги разбудиле жителите, а на местото на настанот интервенирале пожарникарски екипи.

Надзорните камери го снимиле инцидентот

Според неофицијалните информации, надзорна камера го регистрирала моментот кога двајца маскирани мажи го запалиле паркираниот автомобил.

На местото на настанот пристигнале и полициски екипи, кои извршиле увид и започнале истрага.

Случајот го презело Првото основно јавно обвинителство во Белград, кое во соработка со полицијата работи на идентификација на осомничените и утврдување на мотивите за подметнувањето на пожарот.

Иако материјалната штета е огромна, за среќа, во пожарот нема повредени лица.

Полицијата продолжува да трага по двајцата маскирани мажи.