Вработена во државна институција на подрачјето на Центар во Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од свој колега на работното место.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 ноември, околу 15:30 часот, пред крајот на работното време.
Жената го пријавила случајот четири дена подоцна, на 23 ноември, околу 10:25 часот во СВР Скопје.
Засега не се соопштени дополнителни детали за причините и околностите под кои се случил наводниот напад, ниту за тоа во која државна институција се случил инцидентот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








