Грчката полиција уапсила 50-годишен сточар кој признал дека го убил својот 24-годишен работник од Бугарија, чие исчезнување било пријавено во саботата.
Младиот Бугарин пристигнал од својата земја во областа Неврокопи, во регионот Драма, за да се сретне со својот работодавач, но по средбата му се изгубила трагата.
Во рамки на истрагата, полицијата ги испрашувала сточарот и уште еден 23-годишен маж. Педесетгодишниот работодавач признал дека го застрелал својот работник со ловечка пушка, а како причина за злосторството ги посочил личните несогласувања меѓу нив, пишува „Екатимерини“.
По признанието, полицијата го пронашла телото на 24-годишникот закопано во нива, на локацијата која ја посочил осомничениот.
И вториот испрашуван маж е опфатен во случајот, а се сомничи дека му помогнал на сточарот да го сокрие телото на убиениот работник.








