ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ПАДНА ВИСОК ГЕНЕРАЛ: Познатиот офицер заврши зад решетки!

(ФОТО) ПАДНА ВИСОК ГЕНЕРАЛ: Познатиот офицер заврши зад решетки!

Заменикот на врховниот командант на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија за вооружување, генерал-полковник Јуриј Грехов, е уапсен и му е одреден притвор, пренесува „Комерсант“.

Оваа мерка ја изрече 235. гарнизонски воен суд во Москва, на барање на Главната воена истражна управа при Истражниот комитет на Русија.

Засега не се познати деталите за обвиненијата против високиот руски воен функционер. Според податоците од судската база, одлуката за притвор била донесена во среда, на 25 ноември.

Кој е Јуриј Грехов?

Грехов е во воена служба уште од 1979 година. Од 2007 до 2009 година ја извршувал должноста началник на штабот и заменик-командант на дивизијата за противвоздушна одбрана при Командата за специјални намени.

Во 2013 година бил именуван за началник на штабот и прв заменик-командант на силите за противвоздушна и противракетна одбрана.

На слична функција во Воздушно-космичките сили преминал во 2015 година, додека во 2021 година бил назначен за заменик на главниот командант на ВКС за вооружување, кога и бил унапреден во чин генерал-полковник.