Во пресрет на Денот на даночните работници – Св. Матеј, Управата за јавни приходи (УЈП) и нејзините вработени реализираа значајна донација наменета за унапредување на условите во јавното здравство.
Со оваа акција беа обезбедени:
- Комби-возило со пристапна рампа за потребите на заедничките служби при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со што значително ќе се олесни транспортот и пристапноста за пациентите.
- Финансиски средства за Универзитетската клиника за детски болести „Козле“, наменети за обнова и уредување на амбулантско-поликлиничкиот дел, низ кој секојдневно поминуваат најголем број деца и родители.
За оваа општествено одговорна иницијатива беше упатена јавна благодарност до директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, и до целиот нејзин тим, со честитки по повод празникот до сите даночни работници.





