ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЖАР ВО ОХРИД, СТАНАРИТЕ ЕВАКУИРАНИ – осум лица имале потешкотии со дишењето

ПОЖАР ВО ОХРИД, СТАНАРИТЕ ЕВАКУИРАНИ – осум лица имале потешкотии со дишењето

Осум лица биле пренесени во болница по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според МВР, тие имале повреди и потешкотии при дишењето. 

Полицијата го привела 55-годишниот Ц.Н. од Охрид, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во својот стан. Причината за пожарот не е наведена во соопштението.

На местото интервенирале полиција, пожарникари и медицински екипи. Повеќе жители биле евакуирани од зградата, а осуммина со возила на Итната медицинска помош биле префрлени во Општата болница во Охрид. 

Од МВР најавуваат дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.