ПРВ.мк
Балкан

ЗАГРИЖУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО БУГАРИЈА: Се породило 12-годишно девојче

ЗАГРИЖУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО БУГАРИЈА: Се породило 12-годишно девојче

Дванаесетгодишно девојче родило бебе во болница во бугарскиот град Монтана. Породувањето било изведено со царски рез, а според лекарите, девојчето и бебето се во добра состојба. Таткото на бебето има 16 години. 

За случајот биле известени службата за заштита на децата и обвинителството. Според бугарската телевизија Нова, девојчето живеело во домот на момчето три години. 

Социјалните служби соопштиле дека донеле одлука девојчето и бебето да бидат упатени во центар за мајки и бебиња. Таму треба да добијат здравствена и социјална поддршка.