ПРВ.мк
Свет

ЗЕЛЕНСКИ АЛАРМИРА – Кои објекти би можеле да бидат цел на нов руски напад?

ЗЕЛЕНСКИ АЛАРМИРА – Кои објекти би можеле да бидат цел на нов руски напад?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина. Тој ги повика граѓаните во наредните денови внимателно да ги следат предупредувањата за воздушна опасност.

Според Зеленски, украинските разузнавачки податоци укажуваат дека можни цели се енергетски објекти, логистичка инфраструктура и објекти што обезбедуваат основни услуги за населението. 

Предупредувањето доаѓа додека украинските екипи работат на обновување на електричната мрежа по претходните руски напади. Зеленски изјави дека Украина бара дополнителни средства за противвоздушна одбрана од своите партнери.