Србија ќе игра против актуелниот шампион Англија, како и против Франција и Полска на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година. Другиот домаќин, Албанија, во групната фаза ќе се соочи со Шпанија, Италија и Финска. Групите беа извлечени на вчерашната ждрепка во Белград.
Првенството ќе се одржи од 16 јуни до 3 јули 2027 година, а на него ќе учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи. Србија и Албанија обезбедија директен пласман како земји домаќини.
Вака изгледаат групите
- Група А: Србија, Англија, Франција и Полска
- Група Б: Албанија, Шпанија, Италија и Финска
- Група Ц: Португалија, Хрватска, Грција и Чешка
- Група Д: Германија, Холандија, Норвешка и Белгија. UEFA.com
Во четвртфиналето ќе продолжат по две најдобри репрезентации од секоја група. Натпреварите од групите А и Ц ќе се играат во Србија, додека оние од групите Б и Д ќе се одржат во Албанија. Турнирот ќе се игра на осум стадиони, по четири во двете земји.









