ПРВ.мк
Спорт

ОГРОМНА ТАГА: Почина голманот (37), го гледавме на Европското првенство, ја загуби најважната биткa

ОГРОМНА ТАГА: Почина голманот (37), го гледавме на Европското првенство, ја загуби најважната биткa

Фудбалскиот свет е во жалост по веста за смртта на поранешниот голман на исландската репрезентација, Ингвар Јонсон, кој почина на 37-годишна возраст, откако претходно годинава му бил дијагностициран рак.

Јонсон најголемиот дел од својата професионална кариера го помина во Исланд, каде што остави значајна трага во домашниот фудбал.

За Стајарнан забележа 104 настапи, додека за Викингур од Рејкјавик настапи на 176 натпревари. Во текот на кариерата беше шесткратен шампион на Исланд, а настапуваше и во европските клупски натпреварувања.

За националната репрезентација на Исланд забележа осум настапи, а беше и дел од репрезентативниот состав на Европското првенство во 2016 година.

Со емотивно соопштение се огласи неговиот клуб Викингур.

„Со голема тага и длабоко жалење ве известуваме дека нашиот пријател и соиграч Ингвар Јонсон почина во средата, на 25 ноември, опкружен со своите најблиски. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите, на кои им изразуваме длабоко сочувство“, соопштија од клубот.

Јонсон зад себе остави сопруга и три деца.