ПРВ.мк
Свет

МАСК ГО УДВОЈУВА ПОДАРОКОТ: Милиони американски деца ќе добијат акции од SpaceX

МАСК ГО УДВОЈУВА ПОДАРОКОТ: Милиони американски деца ќе добијат акции од SpaceX

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие по две акции од неговата компанија SpaceX, од кои едната ќе биде подарок од компанијата, а другата лично од него.

Најавата ја објави на социјалната мрежа X, каде што соопшти дека го удвојува претходно ветениот подарок.

Уште во октомври, Маск најави дека во текот на 2027 година планира да му подари по една акција од SpaceX на секое дете во Америка, а со последната објава го зголеми ветениот број на акции.

Според податоците на CNN, американскиот милијардер поседува околу 4,8 милијарди акции од компанијата.

Во САД, според податоците од 1 јули 2025 година, живееле околу 72 милиони деца помлади од 18 години.

Доколку програмата ги опфати сите малолетници, тоа би значело распределба на околу 144 милиони акции од SpaceX.

Засега не се објавени дополнителни детали за начинот на распределба, условите за добивање на акциите и нивната вредност, ниту е прецизирано дали подарокот ќе се однесува на сите малолетници или само на новородените деца.