ПРВ.мк
Свет

ТРАМП И НА ПРАЗНИК НЕ МИРУВА: На Денот на благодарноста ги нападна либералите, имигрантите и сопствената администрација

ТРАМП И НА ПРАЗНИК НЕ МИРУВА: На Денот на благодарноста ги нападна либералите, имигрантите и сопствената администрација

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи Денот на благодарноста, еден од најголемите американски празници, за да упати низа остри критики кон либералите, имигрантите, но и кон сопствената администрација, пренесува Хина.

Во објава од 461 збор на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп упатил обвинувања кон политичките противници, тврдејќи дека придонеле за радикализација на американското општество.

Пораката била објавена додека американскиот претседател го поминувал празникот во својот голф-клуб во Вест Палм Бич, Флорида.

Критики и кон сопствената администрација

Трамп ја обвинил својата администрација за неточно прикажување на податоците за американската економија, а изнел и тврдења за наводни обиди за воведување шеријатско право и присилна прераспределба на приватниот имот.

Американскиот претседател упатил обвинувања и кон имигрантите, вклучително и кон лица со сомалиско потекло, поврзувајќи ги со невработеноста и криминалот, без да приложи докази за своите генерализирани тврдења.

Бирото за економска анализа при американското Министерство за трговија засега не одговорило на барањето за коментар, според објавениот извештај.

Трамп ги бранел и проектите за реконструкција на Белата куќа, тврдејќи дека јавноста и медиумите погрешно ги разбрале неговите планови.