ПРВ.мк
Свет

САД испратиле сериозно предупредување до Полска: Стравуваат од потег што би можел да ја тестира цела НАТО алијанса

САД испратиле сериозно предупредување до Полска: Стравуваат од потег што би можел да ја тестира цела НАТО алијанса

Полска ја засили внимателноста откако, според медиумски информации, американските разузнавачки служби ја предупредиле Варшава за можна руска воена провокација или напад.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека земјата мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија, оценувајќи дека претстојниот период би можел да биде исклучително чувствителен.

Според полскиот портал „Онет“, САД предупредиле дека Русија би можела да изведе ограничена воена акција со цел да ја провери подготвеноста и реакцијата на НАТО.

Како можни сценарија се споменуваат напади со дронови или ракети врз инфраструктурни објекти, како и ограничени воени активности на територија на некоја земја членка на Алијансата.

Туск порача дека Полска сериозно ги сфаќа предупредувањата од своите сојузници и дека државата ќе продолжи да презема мерки за подготвеност и заштита во случај на каква било закана.