ПРВ.мк
Балкан

Ноќ на страв: Голем пожар се доближи до куќите, евакуирани жители, уапсен осомничен (ВИДЕО)

Ноќ на страв: Голем пожар се доближи до куќите, евакуирани жители, уапсен осомничен (ВИДЕО)

Големиот шумски пожар што избувна во близина на Солун сè уште не е ставен под контрола, а властите продолжуваат со интензивна акција за негово гаснење.

Пожарот се проширил во областа Ореокастро и се доближил до куќи и деловни објекти, поради што биле евакуирани жители од неколку населби. Во гаснењето учествуваат 154 пожарникари, 52 возила, пет пешадиски екипи, како и авиони и хеликоптери.

Според првичните информации, оштетени се куќи, магацини и друга инфраструктура, додека неколку пожарникари се здобиле со полесни повреди.

Грчките власти соопштија дека во рамки на истрагата е приведен 76-годишен маж, кој се сомничи дека поради опасно управување со возило можеби го предизвикал пожарот. Се испитува дали искри од неговото возило биле причина за избувнувањето на огнената стихија.

Во меѓувреме, противпожарните служби продолжуваат со напорите да го локализираат пожарот, додека во поширокиот регион околу Солун и Халкидики се активни уште неколку пожари.

Видео: