Викендот донесе огромни гужви на граничните премини кон Грција, а најголем метеж е забележан на преминот Евзони, каде колоните возила се протегаат сè до македонската страна на границата.
Според информациите што ги споделуваат патници, за влез во Грција преку Евзони моментално се чека околу два часа. Големи задржувања има и на граничниот премин Дојран, каде возачите чекаат околу час и половина.
Добра вест за оние што планираат да патуваат во текот на ноќта е што грчките власти во тој период не ги применуваат ригорозните проверки преку системот EES, поради што протокот на возила е значително побрз.
За разлика од граничните премини, сообраќајот на обиколницата кај Солун утрово се одвива без поголеми застои, и покрај тековните градежни работи.






