ПРВ.мк
Топ Вести

Нова опасност во Јадранот? Отровната риба ЛАВ сè почесто се појавува блиску до плажите (ФОТО)

Нова опасност во Јадранот? Отровната риба ЛАВ сè почесто се појавува блиску до плажите (ФОТО)

Во Јадранското Море сè почесто се забележува рибата лав (lionfish), инвазивен вид познат по своите отровни боцки. Неодамна била снимена во близина на брегот во Црна Гора, а еден примерок бил уловен на само неколку метри од плажа полна со капачи.

Иако најчесто престојува на морското дно, експертите предупредуваат дека нејзиното ширење може да претставува закана и за морскиот екосистем и за луѓето.

Убодот од рибата лав може да предизвика силна болка, оток, грчеви, потење и проблеми со дишењето. Доколку дојде до контакт, препораката е повреденото место веднаш да се потопи во топла вода и што побрзо да се побара медицинска помош.

Овој вид природно живее во Индискиот Океан и Црвеното Море, а во Медитеранот пристигнал преку Суецкиот канал. Освен во Црна Гора, веќе е забележан и долж хрватскиот брег, што укажува дека постепено се шири низ Јадранот.

Поради неговото брзо размножување и негативното влијание врз домашните видови риби, научниците ги повикуваат нуркачите, рибарите и граѓаните да пријавуваат секое ново забележување на рибата лав до надлежните служби.