Шведска е прогласена за земја со најмоќен пасош во светот според најновиот Global Citizen Solutions Passport Index 2026, додека Македонија се најде на 78. место.
Индексот ги рангира државите според повеќе критериуми, меѓу кои слободата на патување, квалитетот на живот и можностите за инвестиции. Зад Шведска следуваат Швајцарија, Финска, Германија, Холандија, Данска, Ирска, Обединетото Кралство, Норвешка и Сингапур.
Во регионот најдобро пласирана е Словенија, која се наоѓа на 37. позиција, пред Хрватска (42), Србија (66), Црна Гора (71), Македонија (78) и Босна и Херцеговина (83).
Една од поголемите промени годинава е падот на САД на 12. место, што според авторите на индексот претставува најголемо назадување меѓу земјите од Г7 во последните пет години.
Рангирањето покажува дека европските држави и понатаму доминираат на врвот на листата, додека земјите од Балканот остануваат во средниот и долниот дел од глобалниот поредок.







