Четири лица се повредени во пукање што се случило во четвртокот наутро во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на оддалеченост од околу 1,6 километри северно од Белата куќа, соопшти локалната полиција.
Засега не се соопштуваат точната локација на пукањето, ниту околностите под кои дошло до инцидентот. Надлежните служби сè уште немаат објавено дополнителни информации за тоа што му претходело на настанот.
Полицијата упатила апел до граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу блокот 1500 на 15-та улица, каде што се наоѓаат фитнес-центарот „ВИДА“, црквата „Свети Лука“ и повеќе станбени објекти, во непосредна близина на супермаркетот „Whole Foods“.
Поголемиот дел од улицата е ограден со полициска лента, а полициски екипи интервенирале на неколку локации во околината.
Засега нема дополнителни детали за идентитетот и состојбата на повредените, ниту информации за можни осомничени лица.








