ПРВ.мк
Свет

ПИТОН ОД ПЕТ МЕТРИ ИЗЕЛ МАЈКА НА ЧЕТИРИ ДЕЦА: Сопругот пријавил мистериозно исчезнување, а потрагата открила страотна вистина – ѕверот ја проголтал цела!

ПИТОН ОД ПЕТ МЕТРИ ИЗЕЛ МАЈКА НА ЧЕТИРИ ДЕЦА: Сопругот пријавил мистериозно исчезнување, а потрагата открила страотна вистина – ѕверот ја проголтал цела!

Исчезнувањето на Фарида, 45-годишна мајка на четири деца од Индонезија, го пријавил нејзиниот сопруг во четвртокот вечерта, откако таа не се вратила дома. Нејзиниот сопруг и другите жители на селото Калемпанг веднаш организирале потрага по околните подрачја, изјавил селскиот старешина Суарди Роси за агенцијата АФП.

Покраината Јужен Сулавеси е густо пошумен и планински регион, па на почетокот на потрагата жителите не успеале да најдат никаква трага од исчезнатата жена. Сепак, сопругот на Фарида за време на пребарувањето пронашол дел од нејзините лични работи, што веднаш му станало сомнително.

Мештаните детално го пребарале теренот во близина на местото каде што биле пронајдени нејзините предмети и набрзо забележале огромен питон со неприродно надуен стомак.

„Се договорија да го отворат стомакот на питонот. Штом го направија тоа, главата на Фарида веднаш беше видлива“, раскажал селскиот старешина за АФП.

Мајката на четири деца била пронајдена целосно облечена во внатрешноста на масивниот мрежест питон долг пет метри. Вознемирувачките снимки од местото на настанот го покажале моментот кога мештаните ја расекле змијата и го извлекле безживотното тело на жената.

Најнови вести