Во текот на вчерашниот и денешниот ден, полициски службеници од СВР Скопје спровеле повеќе акции на различни локации во главниот град, при што биле приведени шест лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од слобода биле лишени А.П. (28), А.И. (39), С.С. (40) и С.С. (34), сите од Скопје, како и А.Ј. (36) од Турција, кој престојува во Скопје, и уште едно лице со иницијали С.К. (24), исто така од Турција.
При полициските контроли кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци против лицата.






